Гоце Ангелов – Капетан
Гоце Ангелов (Долни Липовиќ, Конче, Радовиш 19.08.1961-Куманово 08.12.2022) е поранешен началник за врски при Генералштабот на АРМ. На оваа должност стапува во 2000 година со чин мајор, а извршува задачи својствени за полковник се до негово пензионирање во 2006. година.
Во неговата кариера има командувано со разни воени формации меѓу кои и батаљон од приближно 500 луѓе.
По кратко боледување починува на 8.12.2022 на државиот празник ,,Св.Климент Охридски’’ во Куманово.
Ќе се памети како претставник на вистинска народна армија.
Детство
Татко Спасо и мајка Љуба имале 8 деца, 6 сина и 2 ќерки. Гоце е роден како 5. дете.
Семејство Ангелови е познато како вредно и чесно семејство, кое уште од рани години придонесувало многу за себе и за својата околина. Сите деца еднакво биле вклучени во секојдневни обврски, чување на домашни животни, обработување на ниви и сл. Претежно се занимавале со производство на тутун за кое постои и видео запис.
Гоце на мала возраст покажува афинитети кон организирање и водење на работи. Како дете кое сакало да организира, неговиот татко го препознава талентот на својот син и на 15 годишна возраст го испраќа на проверки за прием на престижната Воена академија, во копнена војска на тогашната ЈНА.
Слика од основно училиште
Образование
- Основно образование Конче, 1968-1976.
- ,,СОУ Коста Сусинов’’ Радовиш, 1976-1980.
- Воена академија Белград, 1980-1984.
- Магистратура на Воена академија Скопје, 01.02.2005.
Веднаш по завршување на Воена академија, чин потпоручник, Белград 1984 год.
Калемегдан, Белград, 1984 год.
Воена кариера
1. Прва команда во Приштина, Р. Србија, чин потпоручник на ЈНА, 1984 година.
2.Прекоманда во Подгорица, (тогашен Титоград) Црна Гора, 1990 година.
3.Прекоманда во Струмица како дел на АРМ, 1991 година.
4.Прекоманда во Куманово со чин капетан, 1993 година.
Пропусница од касарна ,,Христијан Тодоровски Карпош’’, Куманово 1994 год.
Спортска кариера
Својата спортска кариера ја започнува како фудбалски голман, активно учествува во многу фудбалски натпревари, најчесто на позиција центархалф.
За време на своите студии во Белград настапува на повеќе турнири меѓу кои ги издвојува настапите со Фарук Хаџибегиќ. Во тој период исто така добива понуда да биде дел од младински состав на ФК Црвена звезда.
За време на својата служба во Приштина, посебно ги издвојува настапите со Драган Стојковиќ – Пикси.
Во подоцнежните години игра во втора фудбалска лига на Македонија, како дел од ФК Карпош 93. Прекарот капетан го добива од своите соиграчи на фудбалски клуб “Рим Париз” во Куманово, со кој има освоено неколку турнири во мал фудбал. Последните години од својот живот ги поминува како фудбалски тренер на неколку локални клубови.
Спомен од фудбалски клуб ,,Плачковица’’, Радовиш
Пензија
Поради реформација на армијата на Република Македонија, заминува во пензија на своја 45 годишна возраст. Пензионерските денови ги поминува во целосно посветување на своето семејството, помош од секаков вид на роднини и пријатели, играње фудбал итн. Својот живот го завршува во Куманово, опкружен со најблиските.
Leave a Reply to angelov Cancel reply